Средби на Мицкоски на самитот на ЕНП
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа и во текот на денешниот ден, на маргините на самитот на Европската народна партија, оствари низа средби со претставници на ЕНП и лидери на држави од сестрински партии.
Мицкоски оствари средба со Хорст Зехофер, Вице-Кацелар на Германија, Министер за внатрешни работи и лидер на владеачката ЦСУ.
Тој зборуваше со Зехофер за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и состојбата на јужната граница на Република Македонија во врска со мигрантската криза.
Претседателот Мицкоски имаше средба и разговор со Антонио Тајани, Претседател на Европски Парламент, на кого му пренесе дека приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе биде ЕУ интеграцијата на Република Македонија.
Средба беше остварена и со премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан, со кого беше разговарано за состојбата во поширокиот регион и потребата од негова интегарација во ЕУ.
Мицкоски се сретна и со Хавиер Хуртадо Мира. Претседател на Демократска заедница на млади на Европа – DEMYC. Најголема организација на центар-десничарски политички подмладоци, стои во соопштението испратено од Центар от за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите