Средби на Димитров со Малескану и Булц

Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров, денеска, на маргините на Бледскиот стратешки форум, се сретна со неговиот романски колега Теодор Малескану и со еврокомесарот за мобилност и транспорт Виолета Булц.
- Со министерот Малескану е договорено да се направи квалитативен исчекор во билатералната соработка. Димитров ја прифати поканата и наскоро ќе оствари официјална посета на Букурешт, соопшти МНР на РМ.
Во разговорот со еврокомесарот Булц,пак, станало збор за потребата од поврзување и за значењето да се реализира одобрениот проект од договорот за заеднички транспорт, потпишан на Самитот во Трст.
Како што најави македонското МНР, Димитров, утре, на Бледскиот стратешки форум ќе има обраќање на тема „Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ“, а ќе учествува и на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ.
Ново на Сител
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
