Средбата Димитров-Коѕијас најверојатно во Грција

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вечерва во емисијата 24 Анализа изјави дека утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција.
Во грчките новинарски кругови се шпекулира дека средбата меѓу шефовите на дипломатиите најверојатно ќе се одржи во Солун, но засега потврда за ова нема од министерствата за надворешни работи на двете земји.
Македонското МНР потврди за МИА дека Димитров утре ќе се сретне со Коѕијас.
Разговорите ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на натамошно зајакнување на мерките за градење доверба.
Местото и времето на средбата не беа соопштени.
Средбата преку соопштение испратено до новинарите, јавува дописникот на МИА од Атина, ја соопштија и од грчкото МНР.
Но и официјална Атина, не открива детали, ниту каде нити во колку часот ќе се сретнат шефовите на двете дипломатии.
Ново на Сител
-

Зеленски се надева на конкретни резултати од преговорите за крај на војната до крајот на годината
-

Над 136 илјади туристи ја посетиле земјава во септември, најбројни од Турција, Србија, Германија и Полска
-

Седница за опозициски прашања во Собранието
-

Облачно и топло со утринска магла
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
