Средба Заев-Пленковиќ: Успехот на Македонија е израз на реформите
Премиерот Зоран Заев на маргините на состанокот на лидерите на НАТО по повод 70-годишнината од постоењето на Алијансата оствари средба и со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.
На средбата двајцата премиери се согласија дека успехот на Македонија во процесот за пристапување кон полноправно членство во НАТО е израз на спроведувањето на реформите и на успешното решавање на сите билатерални прашања, а членството во Алијансата доаѓа како потврда на исправноста на овие политики, соопшти владината прес-служба.
Премиер Пленковиќ на средбата ја потврди силната поддршка од Хрватска за Македонија и дека двете земји сега имаат уште една заедничка точка која ги поврзува и ги охрабрува за продлабочување на пријателските односи со сојузништвото во НАТО.
На средбата заеднички е констатирано дека позитивниот момент е одлична мотивација за исправање на грешката на ЕУ кога на последниот самит на Европскиот Совет не беше одобрено стартувањето на преговори со Македонија и дека во претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со ЕУ, треба да се создадат сите неопходности Македонија да го започне и овој процес.
Тоа, беше речено на средбата, е силен мотив за продолжување на реформите во земјата, а комплетирањето на евро-атлантските аспирации на Македонија е од посебно значење и за одржливиот мир и стабилност на регионот, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени