Средба: Заев - Хајндл
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска доцна попладнето се сретна со специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл.
Тема на средбата, како што соопшти СДСМ, била актуелната политичка криза во земјава. - Постои заедничка согласност дека во Македонија мора да има само регуларни и фер избори, дека правдата мора да важи подеднакво за сите, дека не смее да се опструира работата на Специјалното јавно обвинителство, или сублимирано, дека од условите во Договорот од Пржино бегање нема, мора да се спроведат, се вели во соопштението.
Ставот на СДСМ, како што посочил Заев, е целосно поништување на аболицијата, како што порачаа ЕУ, САД и целата меѓународна заедница, брзи и регуларни избори, со претходно исполнување на нотираните клучни предуслови, од страна на Влада којашто ќе има легитимитет да организира и спроведе избори.
На средбата биле нагласени заложбите на СДСМ во целиот овој процес базирани на почитување на Уставот и законите.
Ново на Сител
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус