Средба за решавање на десетгодишниот проблем со гинеколог во Шуто Оризари
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари работна средба со министерот за здравство Арбен Таравари, министерот без ресор Самка Ибраимовски, претседателот на Здружението на гинеколози на РМ Душко Филиповски и претставници на невладини организации. Тема на работниот состанок, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, беше постојната законска регулатива за заштита на бремени жени, посебно на жените Ромки.
На средбата невладините организации имаа можност да ги искажат проблемите со коишто жените Ромки се соочуваат секојдневно и тие велат дека поголем број од нив првпат со гинеколог се сретнуваат кога ќе дојде време за породување, а не ретко се случува од болница да бидат вратени затоа што немаат здравствени легитимации иако се итни случаи.
Претседателот на Здружението на гинеколози на Душко Филиповски рече дека ова е прашање за кое е потребно трајно решение. Тој напомена дека во минатото понудени се разни начини за решавање на недостигот на матични гинеколози во Општина Шуто Оризари, но дека ниту едно од нив не се покажало како трајно.
Министрите за труд и социјална политика, за здравство и без ресор изразија задоволство затоа што, како што рекоа, дијалогот за изнаоѓање решение на прашање кое 10 години претставува проблем во Општина Шуто Оризари, е започнат и ќе се работи на можните решенија.
Министерката Царовска и министерот за здравство Таравари се согласија да одржат работен состанок со директорот на Фондот за здравство на кој ќе разговаараат за можните решенија, а потоа тие да бидат претставени на состанокот на Здружението на гинеколози кој ќе се одржи на крајот од овој месец.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска