Свет
30. јуни 2017 - 8:58

Средба во Вашингтон на претседателите на САД и Јужна Кореја

Американскиот претседтаел Доланд Трамп се сретна за првпат со новиот јужнокорејски претседател Мун Џае-ин, јави Јонхап.

Двајцата разговарале синоќа во Белата куќа, но официјалниот дел од средбата е денеска.

Трамп и Мун синоќа разговарале за проблемот со Северна Кореја со посебен акцент на зацврстувањето на воениот сојуз меѓу Вашингтон и Сеул како и економски прашања. Прес-секретарот на јужнокорејскиот претседател го оквалификува вчерашниот разговор како отворен и сериозен