Средба во Собранието во рамки на одбележувањето на геноцидот во Сребреница

Како дел од одбележувањето на геноцидот врз населението на Сребреница и нејзината околина пратениците Зеќир Рамчиловиќ, Ферид Мухиќ и Илија Николовски со претставниците на невладините организации од бошњачката заедница денеска се сретнаа со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Своите пораки за мир и осуда на геноцидот, како што информираат од движењето АВАЗ ги искажаа претставниците на Собранието и дел од присутните.
-Геноцидот во Сребреница не е сторен само врз Бошњаците, туку врз целото човештво исто како и други геноциди кои за жал се случуваат. И поради тоа својата позиција максимално ја користам за одбележувањето на геноцидот да се подигне на едно повисоко државно ниво, како што тоа го направивме со првата државна собраниска делегација која присуствуваше на комеморацијата во Меморијалниот центар Поточари која ја предводев, а особено оваа година кога претседателот на Собранието истата ќе ја предводи, рече Пратеникот на Движењето АВАЗ, Зеќир Рамчиловиќ
Тој ги повика сите граѓани да присуствуваат на комеморацијата за геноцидот во Сребреница што ќе се одржи утре во Скопје и на маршот на мирот задутре.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
