Средба Путин - Мадуро во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва му беше домаќин на Николас Мадуро во Москва, демонстрирајќи поддршка за претседателот на Венецуела во услови на зголемен притисок од САД.
Путин и Мадуро разговараа за „клучни меѓународни и регионални теми … во контекст на сложената ситуација во врска со Венецуела“, соопшти Кремљ.
Путин исто така рече дека Русија го поддржува дијалогот влада-опозиција за изнаоѓање политичко решение за кризата, се додава во соопштението.
Опозицијата во Венецуела на почетокот на овој месец објави дека престанал дијалогот со посредство на Норвешка, шест недели откако владата на Мадуро се повлече од преговорите.
Русија, еден од најсилните сојузници на Венецуела, ги поддржа напорите на Мадуро претходно овој месец против „американските напори за соборување на законски избраната Влада“.
Руски официјални лица беа во Венецуела најмалку двапати оваа година.
Средбата меѓу Путин и Мадуро се случува кусо откако Организацијата на американските држави, во која се сите држави на Северна и Јужна Америка, усвои резолуција со која Владата на Мадуро се нарекува „нелегитимен режим“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
