Loading Video...
Македонија
28. April 2021 - 16:47

Средба Пендаровски - Столтенберг: Порака за дијалог за продолжување на интеграциите

Генералниот секретар на НАТО не ги видел предлозите за прекројување на границите во регионот, но е против таквата идеја. Столтенберг е дециден дека за Алијансата регионалната стабилноста е приоритет.

-Не сум ги видел докумените кои предлагаат прекројување на границите ниту можам да потврдам дека постојат, но за НАТО е најважна стабилноста.

Престедателот Пендаровски порача дека ваквите нонпејпери се срамни и опасни и никој не ги поддржува во Брисел.

Столтенберг го охрабрува дијалогот со Бугарија за да се решат разликите меѓу двете страни. Столтенберг потсети дека земјава токму преку договор и дијалог со Атина и Софија стана членка на Алијансата.

Пендаровски истакна дека последните анкети покажуваат висока поддршка на македонските граѓани за членството во НАТО. Тој смета дека и покрај здравствената криза во државата, финансиски обврски кон Алијансата мора да се исполнуваат.