Средба Пендаровски – Саити: Предуслов за напредок на секоја држава е владеење на правото
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска се сретна со претседателот на Здружението на судиите и судија во Врховен суд на Република Северна Македонија Џемали Саити, на која било разговарано за предизвиците со кои се соочуваат судиите во вршењето на својата одговорна должност, како и за развојните процеси во оваа област, со цел јакнење и гаранција на независноста, самостојноста и објективноста на судството.
Во тој контекст, Саити го информирал претседателот Пендаровски за нивните досегашни активности во насока на поттикнување на развојот во судството, преку унапредување на законите за целокупната организација и работата на судовите.
Претседателот Пендаровски, се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, нагласил дека главен предуслов за напредокот на секоја државата е токму владеењето на правото, односно, неселективно и независно судство, кое професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите.
Тоа, нагласил Пендаровски, се придобивки од кои, посредно или непосредно, се засегнати сите граѓани во Република Северна Македонија.
– Доследното практикување на правната држава е од витален интерес за нашите граѓани, рече претседателот Пендаровски, подвлекувајќи дека тоа е едно од клучните барања на Европската унија, во пресрет на одредување датум за почеток на пристапните преговори на нашата држава.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето

