-->
-->
Средба Османи – Дендиас во Њујорк: Дискутирале за Договорот од Преспа
-->
Грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјава, Договорот од Преспа, енергетската соработка, како и случувањата во регионот, биле темите за кои, според грчкото МНР, разговарале министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, и на Грција, Никос Дендиас, во Њујорк, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефовите на двете дипломатии остварија средба на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, а од Министерството за надворешни работи на Грција, преку „Твитер“ информираа дека Дендиас и Османи дискутирале за „имплементацијата на Договорот од Преспа, за соработката во областа на енергетиката, за случувањата во Западен Балкан и за поддршката на Грција на европската перспектива на Северна Македонија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости