-->
-->
Средба Наумоски - Туркоглу
-->
Петар Наумоски и Хидајет Туркоглу кои своевремено беа соиграчи во турскиот кошаркарски гигант Ефес Пилсен (сегашен Анадолу Ефес), пријателството и соработката ја продолжуваат на претседателско ниво.
Двајцата во улога на претседатели на националните кошаркарски федерации на Македонија и Турција, вчера остварија средба во Истанбул.
Популарниот Пеце, и некогашниот НБА играч Туркоглу разговараа за продлабочување на соработката меѓу двете федерации.
- Она што го започнавме минатата година со селекцијата на играчи родени 2002 година, и проектот „Заедно до 16 години“ го продолжуваме во една година постарите (играчи родени 2001 година). Оваа наша селекција за прв пат се собра пред десетина дена, а веќе денеска е овде во Истанбул, каде во наредните три дена ќе одигра и неколку меѓународни натпревари. Овој проект е само почеток на соработката која во иднина ќе ја имаме меѓу двете федерации, изјави првиот човек на мак-баскетот, Петар Наумоски, за МИА.
- Додека играмве заедно Пеце беше наш лидер, а убеден сум дека и сега е лидер на македонската кошарка. Улогата е поинаква, претседателската функција бара уште поголема посветеност, но знаејќи ги квалитетите на Наумоски, убеден сум дека тој е вистинскиот човек за оваа финкција и знам дека одново ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат, не штедеше пофални зборови претседателот на турската федерација, Туркоглу за својот македонски колега.
Инаку, Наумоски во Истанбул беше на покана на својот поранешен клуб, Ефес чие раководство сакајќи да му се оддолжи за се она што го стори за клубот како играч, го повлече дресот со број 7, кој го носеше Наумоски за време на неговиот ангажман во турскиот гигант.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија