Средба на Жерновски со шефот на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер
Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска се сретна со делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од шефот на Мисијата за набљудување на изборите во земјава, Корин Јонкер.
Шефот на Мисијата за набљудување на изборите во земјава, Корин Јонкер, како што соопшти Министерството за надворешни работи, истакнал дека последните претседателски избори биле одлично административно организирани и спроведени во демократска и фер атмосфера.
-Во таа смисла, Јонкер се осврна на променетата клима која доаѓа од цврстата заложба на Владата, како и од сите институции вклучени во изборниот процес, за креирање атмосфера за фер и транспарентни избори, се вели во соопштението од МНР.
На средбата, Жерновски истакнал дека нивните препораки претставуваат вистински ориентир за дополнително унапредување на изборната рамка. Во тој контекст, било нагласено дека Владата е цврсто решена да продолжи активно да соработува со ОДИХР и да ги имплементира препораките во однос на изборните процеси.
На крај, заеднички било констатирано дека реформските процеси го трансформираат и консолидираат македонското општество врз основа на владеењето на правото, човековите права и демократските принципи.
Ваквиот Извештај, како што посочуваат од МВР, во голема мера придонесува за позитивниот имиџ на нашата земја во пресрет на Европскиот совет во октомври, кога очекуваме валоризација на постигнатото.
Ново на Сител
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски