Средба на Заев со шведскиот амбасадор Стафансон

Актуелната политичка ситуација и начините за надминување на политичката криза била тема на разговор на денешната средба на лидерот на СДСМ Зоран Заев со амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стафансон.
Како што соопшти СДСМ, Заев истакнал дека кризата во земјава треба што поскоро да заврши за што клучно е прочистувањето на избирачкиот список и реформите во медиумската сфера, преку исполнување на обврските што произлегуваат од Договорот од Пржино.
- Владеењето на правото и обезбедување правда и правичност за сите граѓани подеднакво е императив за Македонија. Оттука, Уставниот суд мора веднаш да се произнесе за уставноста на СЈО. Само на тој начин ќе се отстранат заканите за правниот поредок во Македонија, посочил Заев.
Воедно, како што се наведува во соопштението, заеднички било аклучено дека фер и кредибилни избори се неопходни за Република Македонија да се врати во нормален колосек.
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
