Македонија
17. August 2018 - 15:52

Средба на Заев со новата амбасадорка во Обединетото Кралство, Александра Миовска

Премиерот Зоран Заев денеска оствари протоколарна средба со новата амбасадорка на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговараше за платформата на амбасадорката Миовска за одржување на исклучително блиските и пријателски односи со Обединетото Кралство, развивање на економската соработка, соработката во областа на едукација на младите, одбрана и безбедност, како и интензивирање на соработката и комуникацијата со македонската дијаспора во Велика Британија.

Александра Миовска е долгогодишен професионален дипломат од редовите на Министерството за надворешни работи, се посочува во соопштението.