Средба на високи претставници на министерствата за одбрана на Македонија и Бугарија
Во Министерството за одбрана на Република Македонија денеска се одржаа билатерални разговори во областа на одбраната помеѓу државниот секретар Драган Николиќ и началникот на политичкиот кабинет во МО на Република Бугарија, Илија Налбантов.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, на состанокот биле разменети искуствата на двете делегации во изработката на Стратегискиот одбранбен преглед. Бугарската делегација била запознаена со формирањето и мисијата на Полкот за специјални операции, а се анализирала и соработката помеѓу Полкот и специјалните сили на Бугарија. На состанокот се дискутирало и за нивната натамошна соработка преку конкретна обука и изведување вежбовни активности.
- Делегациите разговараа и за воено образовните капацитети на Бугарија и можности за идно упатување на школување на припадници на АРМ во овие капацитети. Стана збор и за можностите за продлабочување на соработката и во областа на Воената медицина, како обука на воени лекари од АРМ во Бугарија и понуда за користење на капацитетите на Регионалниот тренинг центар за медицинска обука на АРМ, се истакнува во соопштението.
Работната средба, според МО, претставува потврда за продолжување на успешната соработка помеѓу Македонија и Бугарија.
Ново на Сител
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела