Средба на Вајгл, Ховит и Кукан со претставници на ВМРО-ДПМНЕ

Досегашната реализација на обврските од Договорот постигнат меѓу четирите партии во Пржино за излез од кризата, како и претстојните обврски во наредниот период, биле главна тема на денешната средба на тројцата европратеници Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел со претставници на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што соопшти владејачката партија, Никола Тодоров на Вајгл, Ховит и Кукан им укажал дека сите обврски кои ги презеде ВМРО-ДПМНЕ, беа почитувани.
На меѓународните претставници им биле пренесени очекувањата Договорот да биде до крај реализиран, вклучувајќи го и клучниот услов, изборите на 24 април.
- Одржувањето на изборите во предвидениот датум ќе значи и целосно заокружување на Договорот и излез од кризата. Ваквиот исход го очекуваат и потписниците на договорот и меѓународните претставници, а пред се граѓаните на Република Македонија. Секој обид да се изигра овој услов го доведува во прашање целокупниот договор и се што е досега постигнато, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата, на тројцата европратеници им било укажано и на, како што наведува ВМРО-ДПМНЕ, незаконските разрешувања изминатиов период од технички именуваните министри и заменици на СДСМ, почнувајќи од жестоката партизација со непрофесионален кадар, преку незаконските одлуки и разрешувања, па се до унапредувањето на сопругот на министерката Фросина Ременски со кое беше нарушен системот на кариера кој МВР заедно со меѓународни експерти го градеше со години.
Ново на Сител
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
-

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена
-

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија
-

Мајката тврди дека со двегодишното дете гледале огномет, слушнала звук по што видела крв на неговата глава
-

Германскиот полициски синдикат бара итна забрана на приватните огномети по црниот биланс за Нова година
