Средба на Шекеринска со претседателот на Комисијата за одбрана во Хрватскиот Сабор, Игор Драгован
Хрватска е искрен пријател на Македонија, која несебично је поддржува во евроатланските аспирации, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со претседателот на Комисијата за одбрана во Хрватскиот Сабор, Игор Драгован, на вториот ден од посетата на Хрватска.
Како што соопштија од Министерството, на средбата со Драгован се разговарало за местото и улогата на законодавната власт во системот за одбрана.
- Македонија е подготвена да ги реализира сите реформи, при што поддршката од Хрватска и од сите пријателски земји е добредојдена, посочила Шекеринска.
Министерката, во Хрватското воено училиште „Д-р Фрањо Туѓман“ одржала предавање за евроатлантските интеграции на Македонија и на регионот и ги посети и припадниците на АРМ кои се школуваат во оваа воена високо-образовна институција.
Покрај останатите форми на соработка, одбранбената соработка меѓу Македонија и Хрватска во областа на военото образование вклучува и обуки и школувања на припадниците на АРМ во високите воени школи во Хрватска, Командно-штабна академија, Школа за национална одбрана и Висока подофицерска школа.
Ново на Сител
-
Најзагадениот град во светот ги полни амбулантите со пациенти
-
Врсничкото насилство е најчесто меѓу основците, оваа година стигнале 30 претставки до омбудсманот
-
Хаос во јавните претпријатија во Скопје
-
Тутунарите бараат просечна цена од 420 ден. за кг., денеска од 305 ваги работат само 19, тутун не се предава
-
Стартува амандманската расправа за буџетот - Поднесени над 300 амандмани од опозициски партии
-
Ќе растат платите на здравствените работници - Премиерот и синдикатот потпишаа договор
-
Продолжуваат преговорите со банките за кредитите за стопанството
-
Николовски: Изградбата на Коридорот 10 е приоритет и покрај обидите на Бугарија да ја заобиколи Македонија