Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Охридската група и високи претставници на НАТО

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Охрид се сретна со дел од учесниците на конференцијата „Охридски дијалог“.
На средбата со Џорџ Робертсон, претседавач со Охридската група и поранешен Генерален секретар на НАТО, претседателот Пендаровски му се заблагодарил за досегашната поддршка што тој лично, но и Охридската група како целина безрезервно ја даваат за Северна Македонија.
На маргините на „Охридскиот дијалог“ претседателот Пендаровски се сретнал и со челните луѓе на Атлантскиот совет и високи претставници на НАТО, односно Александер Вершбоу, Дејмон Вилсон, Марк Лејти, Џорџ Базби и Алесандро Минуто – Ризо.
Претседателот Пендаровски, соопшти неговиот кабинет, искажал задоволство од брзата ратификација на пристапниот протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Тој посочил дека протоколот за членство на земјата во НАТО во своите парламенти преостанува да го ратификуваат уште три земји, односно Франција, Холандија и Шпанија.
На средбата претседателот Пендаровски го реафирмирал ставот дека единствена алтернатива за Северна Македонија е членство во НАТО и во Европската Унија.
– Патот до Алијансата веќе е на самиот финиш. Станувајќи 30-та членка на НАТО ќе биде загарантирана безбедноста и сигурноста на Северна Македонија, истакнал претседателот Пендаровски и додал дека „единствена алтернатива за земјата е полноправно членство во НАТО и во Европската Унија“.
Во таа насока, подвлекол претседателот Пендаровски, и покрај скорешното разочарување од не добивањето датум, Северна Македонија пред се, поради своите граѓаните, неопходно е со побрзо темпо да ги заврши започнатите реформи. На тој начин, заклучи претседателот Пендаровски, ќе создадеме општество со европски вредности.
Ново на Сител
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
-

Тошковски: Превенцијата на насилството кај младите бара брза реакција, силна координација и активно учество на младите
-

Иран и САД во петок почнуваат нова рунда преговори во Швајцарија за финализирање на договорот
