Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Асоцијацијата на независната културна сцена – ЈАДРО
Состојбите во културата, со акцент на оние што се поврзани со независниот културен сектор, беше во фокусот на разговорите на претседателот на државата Стево Пендаровски на денешната он-лајн средба со претставници на Асоцијацијата на независната културна сцена – ЈАДРО.

На средбата претставниците на Асоцијацијата, која во себе обединува 46 организации, неформални групи и поединци, го запознале претседателот Пендаровски со нивните проблеми, со активностите насочени кон обезбедување поширока видливост и општествена релевантност на независниот културен сектор. Ги претставиле своите видувања за правците во кои се одвиваат културните политики и ја истакнаа потребата за обезбедување на стратешка и долгорочна поддршка за независната културна сцена, како и потребата за нивна вклученост во носењето на одлуки во однос на културните политики.

Како што стои во соопштението од кабинетот на Пендаровски, тие особено ја истакнале потребата за де-бирократизација на процесите при користењето на програмите во културата.

Претседателот Пендаровски, истакнувајќи ја важноста на независната културна сцена за поттикнувањето на демократизацијата во општеството, посочил на неговите заложби за јакнење на независниот културен простор преку спроведување на релевантни развојни политики.
Ново на Сител
-

Реакција на Филозофскиот факултет и деканот Бакрески на изјавите на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски
-

Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат
-

Лапароскопски гинеколошки операции за прв пат во болницата во Кавадарци
-

Премиерот Мицкоски денеска бил меѓу Македонците во Туминец, Преспа и Мала Преспа
-

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље
-

Даниловски за хантавирусот: Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и алгоритамски произведен страв
-

Нултиот пациент кој заболел од хантавирус на крузерот „Хондиус“ бил холандски орнитолог
-

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки
