Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот претседател Милановиќ
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој е во посета на Република Северна Македонија по повод учеството на неформалениот состанок на лидерите на НАТО сојузници од регионот, којшто се одржува во Скопје.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, за европските перспективи на нашата земја и состојбите во регионот на Западен Балкан.
Во таа насока, биле разменети информации за безбедносните прашања во поширок контекст, како и за руската воена агресија против Украина и активностите во регионот.
Двајцата соговорници ја потврдиле посветеноста за продлабочување на традиционалното пријателство и јакнење на регионалната соработка и изразиле подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во рамки на НАТО.
Претседателот Пендаровски се заблагодарил за принципиелната поддршка од Хрватска на македонските евроинтеграции.
Ново на Сител
-
Минчев: Да не се брза со Закон за правична застапеност, потребно е трајно решение
-
Коалицијата Вреди веќе има подготвено Закон за правична застапеност, се чека договор
-
Средба Тошковски - Дачиќ во Куманово
-
Министерката за финансии очекува до крајот на годината фирмите да можат да аплицираат
-
Се одбележува светскиот Ден за подигнување на свеста за менталното здравје
-
Депонијата Буково ја загадува околината
-
Преглед на вести од светот
-
ДУИ: Последици и незадоволство по укинување на балансерот