Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот претседател Милановиќ
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој е во посета на Република Северна Македонија по повод учеството на неформалениот состанок на лидерите на НАТО сојузници од регионот, којшто се одржува во Скопје.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, за европските перспективи на нашата земја и состојбите во регионот на Западен Балкан.
Во таа насока, биле разменети информации за безбедносните прашања во поширок контекст, како и за руската воена агресија против Украина и активностите во регионот.
Двајцата соговорници ја потврдиле посветеноста за продлабочување на традиционалното пријателство и јакнење на регионалната соработка и изразиле подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во рамки на НАТО.
Претседателот Пендаровски се заблагодарил за принципиелната поддршка од Хрватска на македонските евроинтеграции.
Ново на Сител
-
Приведен дилер за издржување затворска казна од 18 месеци
-
Приведен криминалец осуден на три години и шест месеци казна затвор
-
Османи: Како што Србија изгуби во Косово, Русија ќе изгубат и во Украина
-
МЕ: Почнува издавањето Гаранции за потекло на енергија од обновливи извори
-
НБ: Усвоен кварталниот извештај за ризиците во банкарскиот сектор
-
БиХ: Продолжува потрагата по исчезнати лица во поплавите
-
Најстудено утрово во Берово, дневните температури денеска до 29 степени
-
Средба на Мицкоски со Зеленски во Дубровник