Средба на претседателот на Уставниот суд, Мурати, со германскиот амбасадор, Герберих
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Сали Мурати, денеска имаше средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.
На средбата, претседателот на Судот, Сали Мурати, се заблагодари за долгогодишната соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и со германската фондација за меѓународна правна соработка – ИРЗ и во тој контекст, го посочи огромното значење на проектот „Југоисточна Европа – Централен регион“, соопшти Уставниот суд.
Мурати го поздрави и одржувањето на Тркалезна маса на 5 декември оваа година, во заедничка организација на Уставниот суд и Фондацијата ИРЗ, а на која ќе биде споделено германското искуство од постоењето на посебен закон за Сојузниот Уставен суд и уставната тужба, како правно средство за заштита на слободите и правата на граѓаните во оваа држава-членка на Европската унија.
Амбасадорот Герберих ја искажа подготвеноста на Владата на Сојузна Република Германија преку Фондацијата ИРЗ и германската амбасада во Скопје, да се започне со конкретни проекти за поддршка на Уставниот суд, особено во делот на воведувањето на уставната тужба.
Мурати го запозна амбасадорот со проблемите со кои се соочува Уставниот суд кои влијаат не само на кредибилитетот на Судот, туку и на неговите секојдневни активности и за потребата од интервенција во Деловникот на Судот во делот на постапката за заштита на слободите и правата и за донесување на посебен Закон за Уставниот суд со цел да се зголеми опсегот на човековите слободи и права кои треба да бидат под уставно-судска заштита. Исто така, ја наведе и потребата од целосно остварување на финансиска и административна независност на Судот, воздигнување на статусот на уставните судии, како и статусот на Стручната служба, се наведува во соопштението од Уставниот суд.
Ново на Сител
-
Скопје: Запленета голема количина кокаин со проценета вредност од 10.000 евра
-
„BioCosmos“: Фабриката „Mirana“ не е зафатена, пожарот избувна од гром
-
500 луѓе и 120 возила на собир по полноќ во Струга, одземени 5 возила поради бучава
-
Сиљановска - Давкова: Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза и навредување
-
Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари | ВИДЕО
-
На „Табановце“ уапсен Германец, запленета е марихуана
-
Измени во Законот за тутун за заштита на домашното производство: Забранет е увоз додека трае откупот
-
Најмногу дожд во Крива Паланка