Средба на претседателот Иванов со иранскиот министер за надвореши работи
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција, оствари средба со министерот за надворешни работи на Иран, Мохамад Џавад Зариф.
На средбата, двајцата соговорници разговараа за дијалогот на цивилизациите и се согласија дека комуникацијата, взаемната почит и меѓукултурно разбирање се работите на кои треба да работат државите меѓу себе, јави известувачот на МИА.
Иванов и Зариф разговараа и за развивање на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Иран со акцент на економската соработка .
Иранскиот министер на средбата со македонскиот претседател Иванов истакна дека е вистинско време двете држави да ја надградат економската сорабтока и да ги продлабочат политичките односи.
Претседателот Иванов синоќа во Конзулатот на Република Македонија во Минхен имаше средба со македонската дијаспора.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико