-->
-->
Средба на Попоски со генералниот секретар на ПС на ОБСЕ Роберто Монтела
-->
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска одржа работен појадок со Генералниот секретар на ПС на ОБСЕ Роберто Монтела и амбасадорите на Швајцарија, Украина и Латвија при ОБСЕ во Виена.
Како што соопшти МНР, главни теми на состанокот беа политичките предизвици и изборните подготовки во Македонија, како и мигрантската криза.
- Во таа насока, согoворниците изразија уверување дека за претстојните предвремени парламентарни избори ќе биде организирана масовна набљудувачка мисија на ПС на ОБСЕ, ОДИХР и други релевантни меѓународни институции, со цел евалуација на изборниот процес што треба да ја врати Македонија високо на европската агенда, се наведува во соопштението.
Вицепремиерот и шеф на дипломатијата Попоски денеска имаше и обраќање на втората сесија на овогодинешното Парламентарно собрание на ОБСЕ „Развој на демократски институции и човекови права во ЈИЕ", што се одржува во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“