Средба на Пендаровски со Азај Гулијев, потпретседател на ПС на ОБСЕ и специјален претставник за Југоисточна Европа
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Азај Гулијев, потпретседател на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и специјален претставник за Југоисточна Европа.
На средбата, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, се разговарало за севкупната соработка на земјава со организацијата, како и за тековните подготовки за претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Претседателот Пендаровски посочил на значајната улога на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и нивните напори да се негува плоден меѓупарламентарен дијалог за прашања поврзани со заложбите на ОБСЕ, како и да се промовираат целите на организацијата.
– Во однос на подготовките за претседателството со ОБСЕ во 2023 година, претседателот Пендаровски нагласи дека нашата работа ќе биде заснована на добра волја, дијалог и меѓусебно разбирање во заштитата и промовирањето на принципите и заложбите на ОБСЕ. Приоритетите на претседателството, рече претседателот Пендаровски на средбата, ќе бидат усогласени со тековната агенда на ОБСЕ, националните како и регионалните приоритети, а исто така, ќе бидат земени предвид актуелните глобални предизвици и трендови поврзани со работата на организацијата, се вели во соопштението.
На средбата се разговарало за актуелните состојби во поширокиот регион, а во контекст на руската агресија врз Украина.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
