Средба на министрите за одбрана од коалицијата против ИД во Париз

Министрите за одбрана на државите членки на меѓународната коалиција чии сили се борат против Исламска држава, денеска ќе се сретнат во Париз за да разговараат за засилување на напорите во борбата против оваа екстремистичка група, јави Танјуг.
На состанокот не е поканета Канада, чиј нов премиер Жастин Трудо најави повлекување на шест канадски борбени авиони од мисијата, наведуваат француските медиуми.
Трудо изјави дека сојузниците разбираат дека Канада ќе ја засили воената обука на теренот, а 69 специјалци ќе учествуваат во обуката на Курдите на северот од Ирак.
Американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, минатата недела во својот говор во Форт Кембел, во државата Кентаки, не ја спомена Канада, кога кажа дека во Париз ќе разговара со министрите од државите кои имаат значајна улога во коалицијата.
Картер соопшти дека на средбата ќе учествуваат министрите за одбрана на Холандија, Франција, Австралија, Германија, Италија и Велика Британија.
Канадскиот министер за одбрана, Харџит Саџан, денеска изјави дека тоа не е единствениот состанок, додека од американската администрација засега нема реакција, наведуваат американските медиуми.
После терористичките напади во Париз, во ноември, САД од членките на коалицијата побараа да го засилат својот воен придонес во борбата против ИД во Ирак и Сирија.
Францускиот министрр за одбрана, Жан-Ив Ле Дријан, во четвртокот изјави дека на средбата ќе стане збор за начините за „интензивирање на напорите (на коалицијата) во Ирак и Сирија“ и додаде дека постојат јасни знаци за повлекување на екстремистите во Ирак.
Франција беше првата држава која се приклучи кон воздушните напади на коалициските сили,предводени од САД, против ИД во Ирак.
Ново на Сител
-

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
-

МВР спречи трагедија, малолетник најавил самоубиство на социјалните мрежи
-

Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
-

Трамп: Во американскиот напад врз Иран убиени 48 ирански „лидери“
-

Израелската армија започна нови напади врз Техеран
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
