Средба на министерот Спасовски со новоназначениот Амбасадор на Република Австрија, Мартин Памер
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска остварил протоколарна средба со новоназначениот Амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија, Мартин Памер.
На средбата, соопштија од МВР, се разговарало за одличната соработка, првенствено меѓу двете земји, со тоа што Република Австрија е странски инвеститор број еден во нашата земја, а истовремено била нагласена одличната соработка во полето на внатрешните работи, како и посветеноста на различни актуелни теми, како што се посветеноста на регионалната и глобалната безбедност, борбата против тероризмот, кибер криминалот, борбата против криумчарење на луѓе и илегалната миграција, како едни од приоритетните области.
Од страна на амбасадорот Памер, стои во соопштението, била нагласена поддршката од австриска страна за интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ. Притоа, тој ја изразил надежта за што побрза интеграција и уште поголемо продлабочување на односите помеѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка