Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Јапонија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда.
Како што соопшти МВР, амбасадорката му го честитала изборот на Спасовски посакувајќи му успешна работа и ја потенцирала подготвеноста на Владата на Јапонија да и помогне на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи.
- Министерот Спасовски се заблагодари за честитките и за досегашната соработка со Јапонија и изрази уверување дека таа ќе биде уште посодржајна. Тој потенцира дека Владата на Јапонија секогаш и помагала на Република Македонија во кризни ситуации, како на пример за време на мигрантската криза, информира МВР.
На средбата била потенцирана и добрата соработка меѓу полициите на двете земји, особено во размената на информации за справување со глобалните проблеми како тероризмот и насилниот радикализам.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд