Средба на министерот Лутфиу со амбасадорките Оер и Алтхаузер
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска имаше средба со амбасадорката на Франција Лоренс Оер и амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер, на која е потенцирана успешната досегашна соработка на полето на образованието и науката со двете земји.
МОН соопшти дека од страна на амбасадорката на Франција е најавена конференцијата за млади за земјите од Западен Балкан која ќе биде организирана во партнерство со германската Влада на 4 јули во Париз. На конференцијата треба да се создаде мрежа на партнерство за соработка и размена на искуството на младите. Имплементирање на регионалната соработката на младите на земјите од Западен Балкан, стои во соопштението, беше декларативно донесена на Самитот на земјите од Западен Балкан во Виена.
Во соопштението се наведува дека на работната средба е искажана подготвеноста од страна на Министерството за образование и наука и амбасадорите на Франција и на Германија за интензивирање на соработката на сите нивоа на образованието, како и за зајакнување и продлабочување на соработката со високообразовните институции и научни центри меѓу земјите.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот