Македонија
21. September 2015 - 10:25

Средба на министерот Изаири со градоначалниците на Источниот и Североисточниот плански регион

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска ќе одржи работен состанок со градоначалниците на Источниот и Североисточниот плански регион.

На состанокот, соопшти Министерството за животна средина, ќе бидат презентирани изработените документи и ќе се разгледуваат и дискутираат идните активности од областа на управување со отпад во регионите, со цел информирање на засегнатата јавност за реализација на ИПА проектите: „Подготовка на техничка и тендерска документација за затворање диви депонии во Источниот и Североисточниот регион“ и „Подготовка на технички спецификации за набавка на опрема за собирање и транспортирање на отпад во Источниот и Североисточниот регион“.