Средба на Мицкоски со Претседателот на Републиканската Партија Падучик
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на САД оствари работна вечера со Претседателот на Републиканската Партија Боб Падучик. Падучик пред стапувањето на оваа функција ја водел кампањата на Доналд Трамп во сојузната држава Охајо која се смета за клучна во неговата победа на Претседателските избори во САД.
Претходно тој ја раководел кампањата и на поранешниот Претседател Буш во 2000 и 2004 година.
На средбата се разговараше за понатамошното развивање на стратешките односи на Република Македонија со САД како и поддршката за реформи во Република Мекедонија од страна на Американската администрација. Падучик нагласил дека Републиканската партија останува посветена на Евроатланската интеграција на Република Македонија.
На средбата се потврди потребата за понатамошна соработка помеѓу Републиканската партија и ВМРО-ДПМНЕ како идеолошки сродни политички партии.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект