Средба на Јолевски со офицери од новата ротација во мисијата „Одлучна поддршка“

Mинистерот за одбрана Зоран Јолевски и заменикот началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-мајор Мухамет Рацај денеска се сретнаа со шесте офицери на АРМ од новата ротација во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
Како што соопшти Министерствоот, на средбата министерот Јолевски им посакал успешно извршување на задачите и достоинствено да ја претставуваат Македонија и да се вратат живи и здрави.
Министерот Јолевски посочи дека Македонија ќе продолжи со своето учество во мировната мисија во Авганистан и дека се разгледуваат можности за учество во мисии поддржани од Обединетите нации, што јасно ја покажува нашата посветеност кон глобалниот мир и безбедност, стои во соопштението.
Дополнително, според Јолевски искуството што ќе го стекнат во оваа мировна мисија е мошне значајно, како за нив, така и за останатите припадници на АРМ кои ќе имаат можност да добијат пренесено искуство за учеството во меѓународните мировните мисии.
Заменикот началник Рацај во оваа прилика истакна дека се работи за квалитетен состав кој е одлично психофизички подготвен да ги реализира задачите.
Овој состав од припадниците на АРМ кој учествува во командите на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, ќе биде во рамките на германскиот контингент во Командата за обука, советување и асистенција „Север“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
