Средба на Иванов со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
На средбата, како што соопштија од Кабинетот на преседателот, било разговарано за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за процесот на евроатлантските интеграции, како и за клучните предизвици со кои се соочуваат регионот и Европската Унија.
Претседателот Иванов изразил благодарност за поддршката на Јункер за европската перспектива на Република Македонија, која претставува највисока стратешка надворешно-политичка цел, како и за неговата заложба за зајакнување на европскиот ангажман на Балканот како инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа.
-Ја поздравуваме подготвеноста од Европската Комисија за обновување на препораката врз основа на исполнетите критериуми од наша страна, истакнал Иванов, дополнувајќи дека деблокирањето на интегративните процеси, преку соодветното вреднување на нашиот напредок, позитивно ќе влијае врз реформските процеси и врз целата општествено-политичка состојба во Република Македонија.
Македонскиот претседател ја нагласил неопходноста од фер и објективен пристап за Република Македонија, во однос на отпочнувањето на пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ.
Во таа насока, претседателот Иванов позитивно ја оценил Стратегијата за Западен Балкан, промовирана од страна на Јункер и истакнал дека со документот којшто претставува јасна порака во кој се изразуваат очекувањата од кандидатите за членство во ЕУ, уште еднаш се потврдува европската иднина на регионот.
Во однос на добрососедските односи, претседателот Иванов ги реафирмирал македонските напори за унапредување на односите со сите соседи и за поголема регионалната соработка, со цел стабилен, безбеден и просперитетен регион. Во тој контекст, македонскиот претседател порачал дека изјавите на одредени политички лидери од регионот влијаат дестабилизирачки, не помагаат кон градење на добрососедски односи во регионот и не се европски
Ново на Сител
-

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
