Средба на Исени со Филипиду: Со заеднички сили во управување со миграциите и борбата со илегалната миграција
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција во Скопје Софија Филипиду, во придружба со Димитрис Каиридис, поранешен министер за миграција и азил, и полициското аташе на Република Грција во земјава, Димитриос Лиаскос.
Како што соопштија од МВР, на средбата Исени ја подвлекол важноста, но и посветеноста на Министерството за продлабочување на меѓусебната соработка и на стратешко и на оперативно ниво, истакнувајќи притоа дека единствено со заеднички сили и волја можеме да постигнеме успех и да бидеме ефикасни во борбата против илегалната миграција и воопшто во управувањето со миграциите.
- Двете страни воедно ја потврдија и неопходноста за соработување и содејство не само на билатерална основа, туку и во рамки на регионални и меѓународни иницијативи, каде што токму можноста за разменување на искуства, приоритети и предизвици може да даде голем придонес во управувањето со миграциите и во борбата со сите форми на криминал, истовремено овозможувајќи воспоставување и зајакнување на нови и постоечки партнерства, соопштија од МВР.
Средбата завршила со уверување од двете страни за натамошна интензивна соработка во сите области на дејствување на Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја