Средба на Димитров со помошникот на генералниот секретар на НАТО Мисироли
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров, денеска оствари средба со помошникот на генералниот секретар на НАТО за справување со новите безбедносни предизвици Антонио Мисироли, кој е во посета на земјата по повод состанокот посветен на настанот за промоција на „Дигитализација на Системот за управување со кризи во Република Северна Македонија“, во организација на Центарот за управување со кризи и поддржан од програмата на НАТО – Наука за мир и Безбедност (SPS).
Како што соопшти МНР, на средбата Димитров и помошникот на генералниот секретар на НАТО Мисироли дискутираа за програмските активности на НАТО Програмата – Наука за мир и Безбедност, која има за цел поддршка на научните истражувања, иновации и размена на знаења во земјите членки и земјите партнери на НАТО.
Во оваа прилика, беа презентирани можностите на Програмата, која меѓу другото обезбедува финансиски средства, стручни совети и поддршка за релевантни безбедносни активности, во промоција на цивилната и безбедносната практична соработка која заеднички се развива во рамките на оваа програма, стои во соопштението на МНР.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите

