Средба на делегација на ВМРО-ДПМНЕ со Кристијан Даниелсон
![]()
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот, Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денес остварија средба со генералниот директор на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Кристијан Даниелсон.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, клучните предизвици со кои се соочува Македонија и престојните парламентарни избори.
![]()
Мицкоски истакна дека клучниот проблем со кој се соочува Република Македонија е криминалот и корупцијата, додавајќи дека власта не прави ништо да ги искорени овие проблеми, напротив голем број актуелни партиски и државни функционери од СДСМ се вмешани во случаи на висока корупција кои се уште немаат правна разрешница.
Говорејќи за нужните реформи кои се потребни на полето на правосудстовото, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ забележа дека Владата на Заев се соочува со системски недостатоци на полето на реформите.
![]()
Мицкоски потенцираше дека стратешки интерес на ВМРО-ДПМНЕ и државата е членството во Европската Унија и дека ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја стави Македонија на брза траса за членство во Унијата.
Тој пред соговорникот ги претстави и трите столба на кои ќе се базира програмата на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се правдата, дигитализацијата и македонизмот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
