-->
-->
Средба на Ахмети со холандскиот амбасадор Пломп
-->
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Холандија во Македонија, Воутер Пломп.
Политичката криза во земјата и можностите за надминување на сериозната политичка ситуација, била темата на која разговарале Ахмети и Пломп, соопшти ДУИ.
Ахмети повторил дека одлуката на Иванов е неприфатлива и треба веднаш да се повлече.
ДУИ, потенцирал Ахмети, останува посветена на спроведувањето на договорот од Скопје, и смета дека оваа ситуација може да се реши само преку волјата на граѓаните изразена на слободни, демократски и веродостојни избори.
- Земјата се соочува со тешки денови и тоа е одговорност на сите политички партии да се посветат за ставање крај на оваа криза која влијае на секојдневниот живот на граѓаните и евро-атлантските аспирации на земјата, рече лидерот на ДУИ, стои меѓу другото во партиското соопштение
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости