Средба меѓу Зеленски и Макрон за безбедносната соработка и натамошната поддршка за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон за безбедносна соработка и понатамошна поддршка за Киев.
Средбата беше одржана по церемонијата по повод годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во Полска.
– Се сретнав со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за понатамошна поддршка за Украина, соопшти Зеленски на социјалните мрежи.
Посебно внимание на средбата било посветено на безбедносната соработка и можните формати на безбедносни гаранции за Украина и цела Европа.
– Сметаме на поддршката на Франција во преговарачкиот процес за влез во ЕУ, нагласи Зеленски.
Кабинетот на украинскиот претседател потсети дека Франција од почетокот на руската инвазија му обезбеди целосна одбранбена поддршка на Киев во вредност од шест милијарди евра. Како што е соопштено, Володимир Зеленски учествуваше на настаните во Полска по повод 80-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау.
Ново на Сител
-
Судски формираше комисија која ќе ги испитува претходните постапки за Васил Јованов
-
Обвинителството прибира докази за сообраќајката во која загина Фросина
-
Мицкоски: Владата ќе им врати 50 милиони евра на компаниите за солидарен данок
-
Во Прилеп започна промената на водоводната мрежа во центарот на градот
-
Стартува проектот за изградба на најголемиот ветерен парк на западен балкан
-
Охрид ќе добие катна гаража и нов плоштад
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра