Средба Ковачевски - Руте: Северна Македонија направи многу, треба да го направи последниот чекор на патот кон ЕУ

Северна Македонија стигна многу далеку во процесот и мора да го направи последниот чекор, за што побрзо членство во ЕУ, порача премиерот на Холандија, Марк Руте на средбата со претседателот на Владата Димитар Ковачевски што денеска се одржа во Гранада, Шпанија во рамките на Самитот на Европската политичка заедница.
Руте изрази благодарност кон премиерот Ковачевски за поддршката и усогласеноста на земјава со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и поддршката за Украина. Воедно се заблагодари што сме стриктни во примената на визната политика.
На средбата беше истакната поддршката на Холандија која е меѓу нашите најголеми билатерални донатори и во континуитет помага во реформите на повеќе сфери, како почитување на човековите права, демократија, владеење на правото, реформи во судството, јавната администрација, заштита на маргинализираните групи во општеството.
Премиерот Ковачевски изрази благодарност до Холандија за заложбите во градењето на независни институции кои се столб на секоја европска демократија.
Двајцата премиери разменија мислења околу евроинтеграциите, а објективниот пристап на Холандија во оценувањето на критериумите за пристапување на нашата држава во Унијата создава дополнителен импулс за давање резултати и ја потврдува посветеноста на Владата на реформската агенда за побрзо членство во Европската Унија.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
