Средба Груевски-Туск: Поголем ангажман и соработка за бегалците
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. На средбата, како што соопшти Кабинетот на премиерот, било разговарано за европските интеграции на Република Македонија, реформите кои ги спроведува нашата земја, и за состојбите, предизвиците и механизмите за надминување на предизвиците во врска со мигрантската криза.
Премиерот Груевски ја истакнал стратешката определба на Владата за интеграција на земјата во Европската Унија и НАТО, и изразил посветеност кон реализацијата на реформите за унапредување на европските стандарди во сите сфери од општеството. Беше изразена и определбата за унапредување на добрососедските односи и за надминување на надворешните предизвици кои ги попречуваат европските и евроатланските интеграции на земјата.
Претседателот на Европскиот совет Туск истакнал дека Европската Унија има интерес за членството на нашата земја и дека и понатаму ќе продолжи соработката на реформите.
Во однос на мигрантската криза, беше истакнато дека новите состојби кои се резултат на одлуките на поголем број на земји за пропуштање исклучиво на бегалците од регионите зафатени со воени кризи, а не на економските мигранти, создава нови предизвици и бара механизми кои ќе обезбедат можности за нивно надминување.
Претседателот на Владата го информирал соговорникот дека низ Република Македонија во изминатиот период транзитираа над 600 илјади лица, и дека во целиот период институциите совесно и одговорно се грижат за здравствениот, хуманиот и логистичкиот третман на лицата кои транзитираат.
Како што стои во соопштението, соговорниците се согласија дека нашата земја се наоѓа во специфична состојба при која во Република Македонија влегуваат бегалци од земја членка на Европската Унија, па затоа е потребен поголем ангажман и координираност на домашните и на европските институции во процесот на транзит на овие лица.
- Беше истакнато дека Република Македонија не може да постапува различно и небалансирано со однесувањето на останатите земји кои се наоѓаат на балканската рута затоа што во таков случај би се создал притисок на финансиските, институционалните и организационите капацитети на државата, се наведува во соопштението.
Премиерот Груевски истакнал дека со оглед на новите состојби Република Македонија има право и должност да презема чекори кои ќе ги заштитат домашните интереси и дека имајќи ги предвид заклучоците на националниот Совет за безбедност, Владата е подготвена да ги преземе сите потребни чекори за заштита на границата и канализирање на протокот на мигрантите. Тој додаде дека е потребен ангажман на Фронтекс силите на македонско-грчката граница, со цел да се обезбеди постапување кое ќе ги задоволи аспектите на хуманизам во третирањето на лицата кои транзитираат и истовремено ќе ги обезбеди и интересите на земјите од Европа за превенција од безбедносни ризици. Беше изразен ставот дека Република Македонија има капацитет за привремен прием во одреден период на максимум 2.000 лица на својата територија.
Претседателот на Европскиот совет истакнал дека Европската Унија е подготвена да и помогне на нашата земја преку обезбедување на логистичка, хуманитарна и техничка помош.
Двете страни истакнаа дека во следниот период ќе постои интензивна координација со цел менаџирање на ефектите од мигрантската криза.
Ново на Сител
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила
-
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила