-->
-->
Средба Дехари – Емини: Зачестени полициски контроли со цел зголемување на безбедноста во Кичево
-->
Зачестени полициски контроли, почитување на работното време од страна на сопствениците на кафулиња, како и не попречување на тротоарите од страна на малите бизниси, е решението за зголемување на безбедноста на територијата на општина Кичево. Ова денеска беше заклучено на средбата меѓу градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари и заменик- командирот на ПС -Кичево Хамдин Емини.
Дехари и Емини апелираат до граѓаните на Кичево да соработуваат и да имаат разбирање, со цел зголемување на безбедноста. Полициските контроли ќе зачестат во централното градско подрачје, особено во сообраќајот. Апел до малите бизниси да не го попречуваат движењето на луѓето по тротоарите со изложување надвор од прописите на улица односно тротоар.
Исто така, се бара од кафеаните да го почитуваат работното време се со цел да се одвива нормално животот во градот во време кога се очекува со доаѓање на печалбарите да се зголеми фрекфентноста по кичевските улици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комисиска расправа во Собрание
-
Тема на денот со Константин Димитров, професор и експерт по енергетика
-
Реорганизација на министерствата ќе се носи по скратена постапка
-
Гаши се пишмани: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Критично со хируршките сали
-
Трошоците за живот и натаму растат
-
Загрижувачки пад на наталитетот
-
Странските универзитети поинтересни за идните студенти