Средба Ципрас-Меркел на Малта
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, на маргините на нформалииот ЕУ самит на Малта.
Според грчки владини извори, Меркел го информирала Ципрас за нејзините контакти со турските власти, особено во поглед на мирот и стабилноста во регионот, прашањето за бегалците, за кипарскиот проблем, како и односите меѓу ЕУ и Турција, јави дописникот на МИА од Атина.
Ципрас, од своја страна, ја истакнал неговата посветеност за изнаоѓање фер и одржливо решение за кипарското прашање и ја истакнал важноста на договорот ЕУ-Турција. Грчкиот премиер, исто така, подвлекол дека Турција мора да го почитува меѓународното право и додал дека нејзините провокации во Егејот ги поткопуваат грчко-турските односи, како и мирот и стабилноста во регионот и пошироко.
Што се однесува до економската програма, тој ја истакнал важноста за преземањео иницијативи со цел ревизијата на програмата да заврши овој месец.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба