Средба Ахмети-Рикер: Да се работи на унапредување на судството и односите со соседите

Вршителот на должност помошник – државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер на денешната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица разговараше за актуелните политички случувања во државата. Двајцата соговорници се согласни дека треба да се работи на унапредување на судството и односите со соседите.
-Разговаравме за значајни прашања, за нашите напори што ги правиме за владеење на правото во нашата земја. Исто така разговаравме околу законот за јавно обвинителство, за постигнување резултати во реформите посебно во судството, како и за понатамошно унапредување на односите со соседите. Една од темите беше развој на односите на земјава со регионот за да имаме Западен Балкан што ќе биде помирен. Затоа е потребна подобра и посилна комуникација при што помошник – секретарот не охрабри овие процеси да ги засилиме, изјави Ахмети по средбата.
Тој истака дека останува поддршка од страна на САД за Република Северна Македонија и нема конкретни забелешки од нивна страна.
-Единствено се бара посилна консолидација на институциите посебно на тие што имплементираат законот, рече лидерот на ДУИ.
На новинарските прашања што ако опозицијата не гласа за законот за јавно обвинителство, Ахмети вели дека меѓународната заедница како стратешки партнери на земјата бара овој закон што е можно поскоро да се усвои.
-Што се однесува до опозицијата, тие би требало да имаат предвид дека треба да комуницираат и соработуваат со политички сили во земјата, но и со меѓунаронародна заедница, затоа што прашањата се толку поврзани едно со друго, рече Ахмети.
Ново на Сител
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
