Македонија
17. May 2018 - 12:10

Среда е следниот неработен ден

Среда, 23 мај 2018 година, Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството им го честита Националниот ден на Власите на граѓаните припадници на влашката заедница.