-->
-->
Срцепарателно писмо од една жена која умира од рак - Сакам да се забавувате со мојот маж кога јас ќе си заминам
-->

Ова писмо ќе ви го скрши срцето.
Ејми Розентал се бори со рак на јајниците и не и останало многу време на овој свет. Една од последните работи кои сакала да ги направи, било да направи профил на својот сопруг кој ќе може да го користи на сајтови за запознавање на луѓе.
Иако сето ова се чини како бизарен потег, Ејми сака својот сопруг, со кој е 26 години во брак, да пронајде нова љубов откако ќе замине од овој свет.

- Никогаш не сум била на некој сајт за запознавање, но сепак ќе направам профил за својот сопруг Џејсон врз основа на тоа што го научив за време на овие 9490 дена што ги минавме заедно.
Знае да се облекува. Нашите синови Џастин и Мајлс често ја позајмуваат неговата облека. Оние кои го познаваат - или случајно ја видат разликата меѓу неговите кондури и пантолони - ќе приметат деказнае да одбере прекрасни чорапи.
Во одлична форма е и сака да се одржува.
Џејсон е адвокат и одличен готвач, сака да слика и да слуша музика.
Еве каков човек е тој навистина - на првиот ултра-звук кој го имав се појави со цвеќе. Секогаш станува рано и секоја недела ми прави доручек.
Ако ви звучуи како да станува збор за вистински принц, а нашата врска бајка, не грешите многу, освен ако во предвид не ги земеме вообичаените работи кои доаѓаат кога скоро три децении делите иста куќа.
Мислам дека знаете доволно за Џејсон за да посакате да го видите во живо. Почекајте, заборавив да ви кажам дека е премногу згоден. Ќе ми недостасува неговото лице.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница
-

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
-

Костадиновски - Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
-

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
-

Автомобил удри во автобуска постојка на Бит Пазар
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари
