-->
-->
Србљак со пресврт до прв триумф во Сокобања
-->
Македонскиот тенисер Горазд Србљак ја постигна првата победа на фјучрсот во Сокобања. Тој попладнево со пресврт стигна до триумф во мечот од 1.коло над Домагој Биљешко од Хрватска со 2-1 во сетови.
Првиот сет со 6:2 во гемови му припадна на противникот, а Србљак изедначи во вториот сет добивајќи го со 7:5. Во решавачкиот сет беше 6:3 за нашиот тенисер. Мечот траеше 2 часа и 52 минути. Двајцата тенисери имаа по четири брејка, а во поените беше 108:104 за Србљак.
Србљак на турнирот настапува откако успешно ги мина и квалификациите и ова за него беше вкупно трета победа на овој турнир (две во квалификациите).
Негов следен ривал треба да биде истотака квалификантот Лука Павловиќ од Франција, кој денеска без борба го доби мечот од првото коло против третиот носител Кирил Дмитриев од Русија.
Негов следен ривал треба да биде истотака квалификантот Лука Павловиќ од Франција, кој денеска без борба го доби мечот од првото коло против третиот носител Кирил Дмитриев од Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом