Тенис
6. јуни 2017 - 19:09

Србљак поразен во равноправен меч против четвртиот носител

Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на фјучрсот во Кисељак, БиХ откако попладнево по два часа игра загуби од четвртиот носител Евгени Карловски со 2:0 во сетови (7:6 (7:4) и 7:5 во гемови).
Во првиот сет Србљак имаше четири брејк топки и неискорсти ниту една, а противбикот го доби тај брекот. Во вториот сет нашиот тенисер имаше 2/2 брејк топки, а Карловски имаше 3/7 искористени брејк топки. Приотоа нашиот тенсиер не искористи предност од 5:3 во гемови.
Србљак, кој успешно ги мина квалификациите пропушти шанса да направи изненадување.
Во меч од првото коло во двојки Томислав Јотовски успеа да триумфира заедно со Резарт Цунгу од Црна Гора. Тие ги совладаа Фабиан Грубер и Даниел Меер со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2 во гемови).
Утре во меч од првото коло Јотовски ќе игра против Мајк Урбанија од Словенија.