Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија
Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине, вели за Курир, Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА воБрисел.
Србија ја искористи својата улога на претседавач со ЦЕФТА, која ја сочинуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија и Црна Гора и кога ќе биде усвоен овој предлог, тоа ќе биде голем успех на српското претседателство.
Поседувањето на зелен картон за осигурување е денес задолжително при влез и на територијата на Русија, Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко.
„Нашиот план е во наредните две години да го отстраниме административниот трошок за зелениот картон во регионот, кој го имаат сите наши државјани при влез на пример во Северна Македонија. Иако веќе имаат платено осигурување за своето возило, сепак мораат да издвојат одредена сума. Притоа, не плаќате никакво осигурување, туку добивате потврда дека имате осигурување,“ истакнува Илиќ.
Илиќ објаснува дека, ако патувате на пример на Исланд преку Унгарија, никој нема да ви побара зелен картон, но ако сакате да одите на море во Грција, не можете дапоминете низ Македонија без овој документ:
„Направивме план и го ставивме на маса. Се надеваме дека ќе биде усвоен. Дадовме рок од две години, но мислам дека може да се случи и порано. Во принцип, сѐ е договорено, а на претстојниот министерски состанок во декември сѐ треба да биде официјално потврдено. Сѐ започна во Софија во 2020 година, а укинувањето на зелениот картон не беше предлог на Секретаријатот, туку на една од владите на земјите-членки на ЦЕФТА.“
„Ниепонатаму ја анализиравме состојбата и разговаравме со Европската асоцијација за осигурување на возила затоа како може да се реши овој проблем. Во Србија тоа е дел од регистрацијата, но не е така во сите земји. Има земји каде што регистрирано возило не значи автоматски и осигурено. Нивниот систем едноставно не функционира така“ – вели Илиќ.
Предлогот, како што тврди тој, е договорен во форма на препорака на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување